Хакери се закануваат дека ќе објават информации за терористичкиот напад на 11 септември во САД

Од:

Хакерската група „Dark Overlord” се закани дека ќе објави илјадници тајни документи украдени од осигурителни компании и владини агенции, кои, наводно, откриваат тајни за терористичкиот напад на 11-ти септември, а за овие доверливи документи за возврат бараат одредена сума на пари и тоа биткоини.

Оваа група е позната по хакирањето бројни компании, но исто така и клиники, а сега објавиле линк на кој се наоѓаат голем број доверливи информации во врска со терористичкиот напад, кој се случи на 11 септември во САД. Тие рекоа дека ќе ги отклучат сите датотеки ако нивните барања што ги објавиле во понеделникот не бидат исполнети.

Тие тврдат дека овие документи ја содржат вистината за она што навистина се случило во овој терористички напад.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија