Полицијата на САД фрлаше солзавец на мексиканската страна од границата во обид да ги спречи мигрантите да ја преминат границата.
Според тамошните медиуми, полицијата употребила солзавец во мементи кога на границата имало и жени со деца, ккао и новинари кои ја следат ситуацијата на границата.
Мигрантите за АП изјавија дека на границата дошле со караванот на мигранти од Хондурас.
Американските гранични службеници соопштија дека солзавецот бил употребен бидејќи мигрантите фрлале камења и ги спречиле агентите да им помагаат на децата кои ги префрлале преку бодликава жица.
Најмалку 25 имигранти се уапсени, додаде агенцијата.