Претседателот на САД, Доналд Трамп се смета за непредвидлив лидер кој сака да го изрази своето мислење за социјалните мрежи, пишуваат светските медиуми.
Како што додаваат омилена социјална мрежа му е „Твитер“, Трамп таму најчесто ги објавува своите важни одлуки за државните работи, наместо да ја информира јавноста преку медиумите.
Оваа година, Трамп на Твитер, споделуваше информации и за надворешните, но и домашни одлуки.
До 25 декември 2018 година, како што пишуваат медиумите тој објавил околу 3.275 твитови.