Македонскиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски го освои првиот трофеј со неговиот нов клуб Црвена Звезда, откако синоќа во финалето на српскиот куп го победија Партизан со 78:69 (25:22; 16:16; 8:11 и 29:20).
Овој дуел започна во неделата, но беше прекинат во третата четвртина при резултат 43:43 поради големи инциденти на трибините во кои учествуваа навивачи на двете екипи, а се доигра синоќа пред празни трибини.
Самарџиски не се запиша во листата на стрелците.
Со оваа победа Црвена Звезда по шести пат го освојува пехарот во ова натпреварување, а истовремено ја прекина доминацијата на Партизан во српската кошарка.