ВИДЕО: Спасовски ја посети полициската станица за граничен надзор на ГП Богородица

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој утрово го посети граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија, оцени дека новогодишната ноќ поминала мирно без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир и изрази очекување дека новата година ќе биде успешна година.

– Новогодишната ноќ измина мирно, без нарушување на јавниот ред и мир од поголеми размери, дури и под нашите очекувања. Лично очекувам дека ќе имаме успешна 2019 година и на сите граѓани на Република Македонија сакам да им посакам многу здравје, многу среќа, благосостојба во општеството, заедно да успееме да ги надминеме сите предизвици, заедно да учетвуваме во изградбата на иднината на нашата земја и да ги почувствуваме благодетите од она што го работевме до сега, рече Спасовски во честитката што ја упати до сите припадници на полицијата во Македонија.

На новинарско прашање дали ќе се кандидира за претседател на државата, Спасовски одговори дека во моментот размислува исклучиво на реформите во МВР, да се подобрат условите за работа и да завршат процесите кои ќе значат напредок за Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он