Анкета: Крамп-Каренбауер попопуларна од Меркел

Од:

Новата лидерка на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер е попопуларна од германската канцеларка Ангела Меркел, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот Емнид изработена за неделникот „Билд ам Зонтаг“.

Според анкетата 45 проценти од 507 испитаници изјавиле дека сакаат Крамп-Каренбауер да има водечка улога во следната година помеѓу германските политичари.

Од друга страна, 40 отсто од испитаниците се изјасниле за Меркел.

Крамп-Каренбауер во текот на месецот ги победи предводникот на конзервативната струја Фридрих Мерц при гласањето за нов лидер на ЦДУ, а резултатите од истражувањето на Емнид покажуваа дека 30 проценти од испитаниците сакаа Мерц да има поголемо влијание во 2019 година.

Друго испитување на јавното мислење, изработено од агенцијата „ЈуГов“, покажува дека 43 отсто од испитаниците сакаат Меркел да остане канцеларка до крајот на нејзиниот мандат во 2021 година, додека 38 проценти сакаат таа да замине од функцијата, додека 18 проценти се неодлучни.

Меркел, која е канцеларка во изминатите 13 години, во октомври објави дека заминува од лидерската позиција на ЦДУ.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“