Гиевски: НСОН нема да толерира трговија со работничките права

Од:

Трговија со работничките права Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) нема да дозволи и нема да толерира, изјави на прес-конференција денеска претседателот на НСОН Томислав Гиевски, во однос на колективните договори на Синдикатот за образование и наука (СОНК).

– Се служат со методи дека колективниот договор не важи за нашите членови, дека е нивна сопственост и јасно и гласно од нас на телевизија побараа да им ги откупиме авторските права, изјави Гиевски.

Од СОНК вчера на прес-конференција го поздрави решението на Уставниот суд со која се потврдува ставот на СОНК дека колективните договори за детска заштита, основно и средно образование важат исклучиво за вработените во овие дејности кои се членови на овој синдикат.

Независниот синдикат за образование оспори одредби од овие колективни договори пред Уставниот суд, тврдејќи дека тие се спротивни на Уставот и имаат елементи на дискриминација.

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати