Маргот Велк повеќе од две години ја дегустирала храната наменета за Адолф Хитлер, за случајно да не биде отруен.
Додека нејзините колеги добивале ограничена количина на јадење, таа конзумирала само свежо овошје и зеленчук.
Госпоѓа Велк која денес има 95 години, беше една од десетте жени во служба на Хитлер и во неговото седиште на источниот фронт, познат како Волчја дупка.
Таа тука била доведена во 1942 година, откако по бомбардирањето на нејзината куќа била евакуирана од Берлин во селото Грос Парч во источна Пруска (денес во состав на Полска).
-Секако дека се плашев. Доколку имаше отров во храната, денес не би била меѓу живите. Моравме тоа да го јадеме, бидејќи немавме друг избор – изјави Велк.
Секој ден помеѓу 11 и 12 часот сите петнаесет жени морале да ја пробаат храната под надзор. Дури подоцна храната била доставувана на Хитлер.
-Беше тоа вегетаријанска храна. Вкусни, свежи продукти, од пиперки, грашок, ориз и различни салати. Се беше убаво декорирано на чинијата, токму онака како што тој сакаше – се сеќава Маргот Велк и додава дека неговите луѓе секогаш чекале да помине еден час, пред да му ја однесат храната, како би се увериле дека жените се добро.
Среќен крај на вознемирувачката приказна
Маргот Велк живеела заедно со својата свекрва во близина на главниот штаб, се до неуспешниот атентан на Хитлер, кој во јули 1944 година, го организираше грофот Клаус Шенк фон Штауфенберг.
По тоа ја држале затворена во училишна зграда, а свекрвата ја гледала само за викендите и тоа под надзор на припадниците на штабот.
Кога во ноември 1944 година Хитлер ја напуштил Волчјата дупка, еден од главните офицери и помогнал на Велк да се врати во Берлин, сокривајќи ја во воз со шефот на пропагандата, Јозеф Гебелс. Таа препоставува дека останатите жени ги убиле руси.
Во 1946 година таа повторно го сретнала својот сопруг, за кого мислела дека загинал во војната. Живееле заедно се до неговата смрт 1990 година.