На Галапагос забранета продажба и употреба на огномет

Од:

Локалните власти на островите Галапагос забранија продажба и употреба на огномет на архипелагот со цел да ја заштитат својата единствена фауна. На Галапагос дозволен е огномет само со светлосни ефекти, но без звук.

Научниците предупредија дека голем број животински видови на Галапагос страдаат поради употреба на пиротехнички средства.

– Ова е подарок за зачувување на Евкадор и на светот, напиша на Твитер претседателката на локалниот совет Лорена Тапиа по повод забраната.

На Галапагос живеат голем број автохтони видови. Најважни животински видови на Галапагос се морска игуана, џиновска желка, модроног сула, албатрос, морски лав, игуана, морска игуана, желка, зелена желка, морска краставица, корморан кој не лета, како и единствениот жив вид на тропски пингвини.

Кампањата против огнометот почна во 2017 година, а забраната за превоз на огномет на Галапагос, како и продажба и употреба, веднаш стапува во сила.

На Галапагос, каде живеат 25.000 жители, забранета е и употреба на пластика за еднократна употреба.

Архипелагот Галапагос е единствена покраина на Еквадор и има 14 поголеми вулкански острови и низа помали острови и карпи во Тихи Океан. Галапагос, кој има површина од 8.010 километри, се наоѓа на околу илјада километри од брегот на Еквадор.

На островите има планини, чија најголема висина е 1.707 метри, а исто така има и неколку активни вулкани.

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба на Галапагос поради насукан брод со дизел гориво

Ана Ололовска

Осамениот Џорџ почина без наследство

Емир Латифовиќ