Заспал ли некој во Јавното обвинителство или се стегнал ременот и нема пари за информатичар кој ќе ги ажурира настаните.
Вака доколку ја отворите нивната веб страна ќе видите дека времето застанало. Можеби некој не ги информирај дека обвинителството има нов обвинител.
Се уште сериозно од страната не гледа Шврговски, а Марко Зврлевски, новиот претседател, треба да почека за да се најде место за неговата слика и биографија.
Последната информација дека нешто обвинителството нешто сработело е од 29.11 2011, а се однесува за хеликоптерската несреќа кај Катланово. Пред неа е исто „свежата„ информација за аферата плата и пензија на министерот за правда Михајло Маневски.
Последен ажуриран извештај е оној за „блиската“ 2007 година.