Иванов: Ја згазивте волјата на Македонците, ме следевте и прислушувавте и мене со усна наредба

Од:

Во своето последно годишно обраќање како претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, рече дека вистината ги разобличува лагите, ги открива неисполнетите ветувања, ја разоткрива нечистата совест. И има, посочи, многу нечиста совест во однос на Република Македонија.

Голем дел од говорот го посвети на Преспанскиот договор.

„Народот ја отфрли Спогодбата. Владата започна да бара изговори и виновници за неуспехот. Мојата порака е да не бараат изговори. Причината за неуспехот на референдумот е едноставна. Народот препозна дека е уценет и ја отфрли уцената. Со бојкот на референдумот народот го одбрани своето право на постоење и го зачува стекнатото право на самоопределување. Во секоја функционална демократија, пропаднатиот референдум ќе значеше и крај на процесот, но не и кај нас. Мнозинството во ова Собрание оди спротивно на волјата на народот.“, рече Иванов. Ги праша дел од пратениците каде им е совеста за ризик да имаме дом со раскопани темели .

За Законот за употреба на јазиците, шефот на државата смета дека ќе предизвика целосна блокада на институциите. За него со секој член од Законот се крши Уставот.

„Наместо доблест и чест, љубовта кон татковината станува грев. Не можете да ја сакате Македонија, а да не ги сакате Македонците. Уцената останува основно средство за остварување на целите. Законот за амнестија го потпишав за да ги разоткријам вашите цели дека оваа амнестија не е за помирување, туку за уценување. Прошката треба да оди заедно со одговорноста. Мене никој не може да ме уценува“, рече Иванов

Посочи дека трпел и закани, бил навредуван и понижуван, но и покрај ова, рече, истражувањата на јавното мислење покажале дека претседателот е со највисока доверба кај граѓаните. За обвинувањата за негова инволвираност на 27 април, рече дека се измислени, објави дека врз основа на усна наредба тој и кабинетот се следени, снимани и прислушувани. УБК е жариште на политички и безбедносни кризи.

За Иванов реформите на власта се само формални.

Критички се осврна на состојбите во здравството, одбраната, економијата, образованието, аерозагадувањето.

На крај Иванов повика да се ослободиме од омразата и реваншизмот и да се свртиме кон помирувањето, но она автентично без задни намери.

Додека се обраќаше Иванов, пратениците од парламентарното мнозинство правеа муабети меѓу себе и му дофрлаа, а пратениците од ДУИ не беа внатре.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште