Германија бара реформи на Советот за безбедност на ОН

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас повика да биде зголемен бројот на постојаните членови на Советот за безбедност на ОН, во согласност со модерните времиња.

– Советот за безбедност, кој беше формиран пред повеќе од 70 години, повеќе не е актуелен, изјави Маас во денешното изнтервју за ДПА.

– Верувам дека рамнотежата на моќта во светот мора да биде прикажана многу подобро отколку што е тоа во моментов, рече тој.

Германија од 1 јануари ќе биде привремена членка на СБ на ОН. Ова тело има пет постојани и 10 привремени членови, но Маас верува дека Германија заслужува да добие столче меѓу постојаните членки.

– Иако ќе биде тешко, ние нема да се замориме од ставањето на ова прашање на дневен ред. За реформите се зборуваа многу долго, без никаков напредок, рече Маас.

Реформата на Советот за безбедност е предмет на расправа од почетокот на 1990-тите. Како и Германија, Јапонија, Бразил и Индија, исто така, повикаа на проширување на телото.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“