Египет: Судири меѓу полицијата и демонстранти на годишнината од падот на Мубарак

Од:

Демонстранти, кои бараат политички и социјални реформи во Египет, вечерва влегоа во судир со полицијата пред претседателската палата во Каиро, на двегодишнината од падот на власта на поранешниот претседател Хосни Мубарак, јави БТА.

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа со камења и други предмети кон претседателската палата.

Претходно неколку стотици луѓе со транспаренти „Револуцијата продолжува“, скандирајќи „Ако падне крв, веќе нема закони“, одржаа протестен марш до претседателскиот дворец, а други се насочија кон плоштадот Тахрир, центарот на настаните од јануари и февруари 2011 година.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина