Разрешени министрите Ќахил и Ахмедовски

Од:

Собранието на Република Македонија на денешната 77-седница на предлогот на Владата ги разреши Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија и Аднан Ќахил од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата.

Премиерот Зоран Заев, во образложение на предлогот рече дека разрешувањето е исклучиво од политички причини и по одлука на двата коалициони партнери во Владата.

– Јас сум задоволен од работата на министрите и верувам дека и во иднина ќе изнајдеме начин како да продолжи таа соработка. Се надевам дека Парламентот ќе даде поддршка на предлогот за разрешување, а во втората точка доколку тоа се случи ќе дадам предлогот за новите кандидати за овие две места, рече Заев.

Пратеникот Илија Димовски, рече дека образложението не е добро и потребно е разрешувањето да биде врз основа на анализа за нивната работа.

– Ве повикувам да го исполните даденото ветување за намалување на бројот на министри. Многу министри имате без ресор, за дел од нив јавноста воопшто и не знае какви активности има, рече Димовски.

Пратеникот Самка Ибраимовски ги повика пратениците од опозицијата да го почитуваат и поддржат предлогот и одлуката на неговата партија за разрешување на Аксел Ахмедовски.

– Не сме задоволни од неговото работење поради тоа што сметаме дека она што било планирно во делот на имплементација на стратегијата за ромите не е постигнат резултат за десет месеци, што проекти кои беа опфатени и реализирани во времето кога бев министер он само требаше да врши мониторинг и не успеа да врши мониторинг, рече Ибраимовски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште