„Распеано симитче“ по четврти пат

Од:

Денес во општина Крива Паланка се одржа промотивна прес конференција за најава на престојниот фестивал на детска песна „Распеано симитче“, кој е во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, а во соработка и со поддршка на Општина Крива Паланка.

Ова е четврто издание на фестивалот во кој се создазени 15 нови песни, кој ќе ги изведуваат 16 солисти, во придружба на детскиот хор „Симитчиња“.

Фестивалските настапи ќе бидат на 27 и 28 декември со почеток од 12.00 и од 18.00 часот во просториите на НУ Центар за култура- Крива Паланка. Картите се веќе во продажба и можат да се набават во билетарницата на Центарот за култура, изјави директорот на фестивало, Методи Цветковски.

Директорот на фестивало, Методи Цветковски заблагодарувајќи се на поддршката од страна на општината, изјави дека овој фестивал е продукт на повеќемесечна креативна работа со педесетина ангажирани млади деца од Крива Паланка. Во оваа прилика тој упати покана до сите заинтересирани, да дојдат на фестивалот и да видат и слушнат што се успеале заеднички да подготват за овогодинешното издание на фестивалот „Распеано симитче“.

– Општина Крива Паланка е покровител на оваа манифестација и сметам дека нема поубаво нешто од детската песна и насмевка, преку кои најискрено се пренесуваат убавите чувств,а кои треба да не следат во овие предновогодишни и празнични денови и затоа ја користам оваа прилика да ги поканам кривопланчани масовно да го проследат овој несекојдневен радосен настан и да ги пренесат убавите впечатоци и чувства во своето најблиско опкружување, изјави градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Би можело да ве интересира

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

Митовски: Водата ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ е сериозно загадена