Собранието утре ќе гласа по повеќе предлог-одлуки и ратификации

Од:

По Предлог-одлуката за огласување именување на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и по Предлогот за избор на претседател и членови на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, пратениците ќе гласаат утре во 12 часот, во рамки на продолжението на 54. собраниска седница.

За претседател на Комисијата за хартии од вредност е предложена Елизабета Чингаровска.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на денешната 54 – та седница информира дека и по предлогот Александар Петревски да биде именуван за член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, исто така ќе се гласа утре во 12 часот.

И по Предлогот за именување претседател и членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување останува да се гласа во текот на утрешниот ден.

Во врска со Предлогот за утврдување престанок на мандат на член на Советот на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија,  пратеникот Изет Зекири праша за вистинските причини за престанокот на мандатот на Фејзи Ајдари, издавач на весникот „Лајм“. Слободните медиуми, подвлече Зекири,обезбедуваат демократско општество и само на тој начин, повтори, можеме да имаме демократско општество. Слободан Чашуле претседател на Советот на ЈП Македонка радио телевизија одговори дека од денот на неговиот избор па до последната седница на Советот, Ајдари се нема воопшто појавено. Здружението на новинарите на Македонија, информира Чашуле, сака да има друг член  повторно избран од новинарите – Албанци, експерт кој критички ќе ги согледува програмите на Вториот програмски сервис и на Собранискиот канал. За пратеникот Талат Џафери од ДУИ, ЗНМ како предлагач има ексклузивно право да ја оцени работата на членот во тоа тело и  затоа, многу е нечесно, подвлече, да се обвинува дека се разрешува оти е уредник на „Лајм“. По оваа точка ќе се гласа исто така утре во 12 часот.

Собранието на утрешната седница ќе се изјасни и по предлог-законите  за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за  меѓусебно извршување на судските одлуки во кривичните предмети, на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за соработка во областа на здравството и медицинските науки и на Договорот за Централноевропската програма за размена на универзитетки студии.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски