Почна пријавувањето за третото издание на „Охрид трчаТ“

Од:

Од денеска официјално почнува пријавувањето за учество на третото издание на атлетската манифестација „Охрид трчаТ,“ која ќе се одржи на 2 јуни следната година. Вљубениците во трчањето, луѓето со позитивен дух и енергија, сите спортисти и рекреативци своето учество можат да го пријават исклучиво онлајн на интернет-страницата Ohridtrcat.mk.

Заинтересираните за учество на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ќе можат да се пријават на трката 5 и 10 километри или тимбилдинг-трката на 5 и 10 километри. Стартниот пакет за трката на 5 километри и тимбилдинг-трката на 5 километри до 31 јануари изнесува 400 денари, до 31 март чини 500 денари, а до 26 мај, кога е последен ден за пријавување, е 600 денари. Стартниот пакет на трката на 10 километри и тимбилдинг-трката на која учествуваат најдобрите атлетичари од нашата земја и многу атлетичари ширум светот ќе чини 700, 800, односно 900 денари според датумите од трката на пет километри. За најдобрите во трката на 10 километри има и парични средства и награди од спонзорите кои се објавени на официјална страница.

Третото издание на „Охрид трчаТ“ ќе претрпе одредени измени во настаните кои се во склоп на настанот. Трките на различностите и средните училишта ќе останат и Детската трка исто така, луѓето позади сцената на „Охрид трчаТ“ ќе имаат свој ден, а мала промена ќе има во Ноќната трка, која ќе се одржи в петок, на 31 мај, два дена пред главниот настан на 2 јуни. На 1 јуни (сабота) сите пријавени на определено место ќе си ги подигнат стартните пакети и ќе одбројуваат до почетокот на најголемата спортска манифестација во Охрид.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска Давкова ги врачи наградите за најуспешните на годинашното издание на „Охрид трчаТ“

Дарио Ивановски во машка и Билшерин Сулејман во женска конкуренција победници на полумаратонот на „Охрид трчаТ“

Ана Ололовска

Почна седмото издание на „Охрид трчаТ“

Ана Ололовска

Времен сообраќаен режим за „Охрид трчаТ“ утре во Охрид

Ана Ололовска

Биљана Кираџиева и Милош Ранчиќ победници на „Охрид трчаТ“

Катерина Ѓуровски

Четврто издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“

Ана Ололовска