Филолошката наука покажа дека Хрватите зборуваат на српски јазик, тврди претседателот на Управниот одбор на српската „Матица“ од Дубровник, Милорад Буха.
Според него жителите на Вуковар кои на секој можен начин настојуваат да ја забранат службената употреба на српскиот јазик и писмо во тој град, сигурно не слушнале дека уште во 19-ти век Австроунгарија, хрватскиот јазик го отфрлила од книжевна и службена употреба.
-Треба да се појде од три научни факти во филолошката наука, а тоа е дека српскиот јазик е службен и книжевен јазик во Хрватска. Потоа Австроунгарија го отфрли хрватскиот јазик од службената и книжевната употрева во 19-век, прогласувајќи го за ненаучен кајкавски дијалект, и дека српскиот јазик има два дијалекти штокавски и чакавски – објаснува Буха.
Тој рече и дека Руската академија на наука и ументост во Санкт Петербург, објави научна книга на академикот Александар Белиќ во 1905 година, во која нагласи дека полемиката од хрватската страна без овие три начини е непотребна и ненаучна.