Во авиони на „Туркиш ерлајнс“ кои сообраќаат на линии во државата не се служи веќе алкохол

Од:

Во авионите на Туркиш ерлајнс кои вршат летови на внатрешни линии во државата, веќе не се служи алкохол, објави Хуриет.

Се уште им се нуди алкохол на патници во бизнис-класата само на шест линии – кон Истанбул, Измир, Бодрум, Даламан, Анталија и Анкара.

Компанијата донела одлуката заради намалена побарувачка на алкохол.

Весникот информира дека странци кои патувале со турската авиокомпанија биле изненадени од одлуката.

Минатата недела рекации и критики беа поставувани на социјални мрежи заради конзервативен проект за униформи на членови на екипажот на Туркиш ерлајнс.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски