А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пратениците си подготвуваат закон за обезбедена државна служба по истекот на мандатот

by А1он21/12/2018 - 16:3721/12/2018 - 16:43615
Share0

Народните избраници сакаат да си ја обезбедат иднината и по пратеничкиот мандат. Откако ќе ги напуштат пратеничките фотелји сакаат да ги чека работа во јавната администрација и тоа на соодветно место.

Следете a1on на Instagram Instagram

Иако никој не сака да говори отворено, сепак „А1он“ дознава дека формираната работна група за реформи веќе работи на изготвување на вакво законско решение.Идејата дошла од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Не е случајно што ваква идеја доаѓа сега пред гласањето на уставните измени и гласањето на реформските закони за кои треба 80 пратенички гласа.

Сличен закон беше предложен од Јанаќе Витановски во 2005 година, кој тогаш беше пратеник, а сега е член на ДИК. За големите привилегии кои тогаш беа изгласани, јавноста реагираше остро и законот никогаш не заживеа.Бидејќи со законот се предвидуваше тогашните и претходните пратеници да можат да одат во пензија со 25 години стаж, да имаат право на бесплатен превоз и по пратеничкиот мандат, да имаат загарантирано вработување во администрацијата, што значи нееднаквост пред Уставот, Уставниот суд го укина законот.

Следете a1on на Youtube YouTube
pratenicisobranie

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:35

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:46

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео