Во организација на граѓанската организација ТАКТ од Скопје, а со поддршка од Стејт Департмент на САД, Европска комисија и амбасадата на Кралството Шведска во Република Македонија, вчеравечер за прв пат беа доделени оскари за најдобрите жени од спортот.
На овој настан во свечена атмосфера се доделија награди во тринаесет категории. Лауератка за 2018 година и најдобра спортистка е фудбалерката Наташа Андонова.
Целта на овој настан беше да се истакне квалитетот и значајноста на женскиот спорт во Р. Македонија, да се актуелизира и промовира заложбата за родова еднаквост во спортот и да се поттикне поголема медиумска поддршка на жените кои се активни и успешни во спортскиот сектор.
Добитнички по категории:
1. Најнадежна млада спортистка – Ана Марија Георгиевска(таеквондо)
2. Најдобра спортска новинарка – Ирена Андреевска (МТВ)
3. Најдобра спортска менаџерка – Моника Гавриловска (МКФ)
4. Најдобра судијка – Марија Илиева и Сивлана Карбеска
5. Најдобар женски тренер – Јулијана Црвенкоска(ракомет)
6. Најдобар женски тим – ЖРК Вардар
7. Најголем придонес за родова еднаквост во спортот – Ленче Алексовска Величковска
8. Организација за позитивни општествени промени преку спорт – Специјална Олимпијада Македонија
9. Посебно признание за животно дело – Стојна Вангеловска
10. Најдобра спортистка со инвалидитет – Оливера Наковска Бикова(стрелаштво)
11. Најдобра спортистка во колективен спорт – Сара Ристовска(ракомет)
12. Најдобра спортистка во индивидуален спорт – Ангела Мојсовска(карате)
13. Најдобра спортистка за 2018та година – Наташа Андонова (фудбал-Барселона).