Европската комисија денеска ги обвини Дојче Банк и уште три банки за картелско здружување во сегментот на тргување со обврзници во седумгодишен период до 2015 година.
Еврокомисијата не ги именуваше другите три банки, кои би можеле да добијат казни до десетина од нивниот годишен промет доколку се покаже дека ги прекршиле правилата на ЕУ за заштита на пазарна конкуренција.
Од Дојче Банк велат дека активно соработуваат со ЕК и не очекуваат парична казна.
Комисијата информира дека истрагата е фокусирана на однесувањето на одредени трговци во сите четири банки.
„Четири банки разменувале коммерцијално чувствителни податоци и ги координирале чекорите во однос на цените на обврзници, искажани во американски долари, вклучувајќи наднационални, државни и обврзници на државни агенции, попознати под називот `СА бондс`“, се наведува во соопштението на ЕК.