Најдобро платен работен час во земјите-членки на Европската унија е во Данска – 25 евра бруто, а најмалку заработуваат Бугарите – 1,5 евра за час, дури 17 пати помалку од Данците, покажа истражувањето на статистичка служба на ЕУ (Евростат).
Истражувањето се спроведува од 2002 година на секои четири години, а Хрватска е вклучена во последното, кое се заснова на податоците од 2010 година. Според износот на бруто цената на трудот, Хрватска е петпати „послаба“ од најдобрите.
– Разликата во платите меѓу богатите Скандинавци и сиромашниот југ е огромна, но разликата во стандардот не е толку драстична доколку вредноста на платите се спореди до количеството стоки и услги кои можат да се купат на локалниот пазар, се истакнува во извештајот на Евростат.
Статистичка служба на ЕУ наведува дека ако се земе во обзир куповната моќ на Данците, тие не живеат 17 туку само петпати подобро од Бугарите,
Хрватите во 2010 година имале нешто подобри бруто плати од Полјаците, Словаците и Чесите, но кога платите би се споредиле со локалните цени се доаѓа до заклучок дека стандардот им бил изедначен.
Евростата наведува пример, стоките и услуги кои Данецот во својата земја би ги платил 25 евра, во Хрватска би ги платил 17 евра.