Малолетници украле кола по што направиле сообраќајка

Од:

Три момчиња од кои две 13-годишни и едно деветгодишно украле возило „пежо“ од паркинг просторот кај Транспортниот центар во Скопје по што движејќи се утринава околу три часот по полноќ по булеварот „Илинден“ изгубиле контрола над возилото по што тоа се превртило во канал каде се изведувале градежни работи.

Трите момчиња се пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, а за случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Скопје, како и родителите на малолетниците и социјален работник.

Едно од момчињата, како што соопшти попладнево МВР, е штитеник на јавната установа „25 Мај“.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство.

Случајот со украденото возило во полиција го пријавила утринава М.Ш. (36) од Скопје. Пријавено е дека возилото е украдено во периодот од 18.12.2018 година од 19:30 часот до 19.12.2018 година до 04:30 часот.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче