Грчки владини извори: Мицотакис и Генимата се против Договорот од Преспа за да предизвикаат политички случувања

Од:

Грчки владини извори коментираат дека претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис и лидерката на Движење на промена, Фофи Генимата, ставот за „наводно признавање на македонска националност“, го користеле како изговор за да не го поддржат Договорот од Преспа, бидејќи не се грижат за националните интереси, јави дописничката на МИА од Атина.

Истите извори велат дека „по поднесените амандмани од пратеници Албанци во ПЈРМ, она што и онака е предвидено во Договорот од Преспа“ дека државјанството не ја определува ниту пак ја прејудицира етничката припадност на граѓаните, паѓа во вода и последниот аргумент на Мицотакис и додаваат дека овој аргумент паѓа во вода исто како што падна пред неколку дена оној за споменување наводно „македонско малцинство“, бидејќи во амандманот се споменува „дијаспора“.

– Очекуваме од господинот Мицотакис и госпоѓата Генимата, кои со месеци, повикувајќи се на наводно признавање на македонска националност, како изговор за да не го поддржат договорот, конечно да му ја кажат вистината на грчкиот народ. Дека не им е грижа за националните интереси и единствената причина зошто се противат на Договорот за Преспа е затоа што се надеваат на последна шанса за предизвикување политички случувања. Залудно!, коментираат грчки владини извори, пренесе МИА.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он