Најубавата јахта во светот пристигна во Саранда

Од:

Јахтата „Црн бисер“, која важи за најубава во светот, пристигна во албанскиот приморски град Саранда.

Јахтата, која плови под знамето на Исланд, во Саранда пристигнала од Кипар, во туристичка посета, но и за набавка на гориво.

Со своите 106 метри, „Црн бисер“ е најголема јахта во светот. Таа е произведен во 2016 година во Холандија за рускиот бизнисмен Олег Бурлаков. Јахтата, која има шест кабини, чини 200 милиони долари.

Најјужнот албански прморски град Саранда, кого го нарекуваат албански бисер, станува се поатрактивна дестинација за богатите туристи.

На крајот на јули во градот пристигна и најголемата јахта со едра на светот „А“ на рускиот милијардер Андреј Мељниченко. Вредноста на оваа јахта е 420 милиони евра. Таа е долга 142,8 метри и има три јарболи за едра високи по 90 метри.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски