Илјада деца од семејства во социјален ризик бесплатно ќе одат на зимување

Од:

Владата на Република Македонија на 110-та седница ја прифати информацијата за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за зима 2019 година.

Преку овој проект, во текот на зимскиот распуст 2019-та година бесплатно ќе зимуваат околу 1000 деца родени во периодот од 2004 до 2009 и/или односно деца редовни ученици кои во учебната 2018/2019 година посетуваат петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение од семејства во социјален ризик, односно корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток и децата без родители и родителска грижа, како и деца корисници на посебен додаток до 26 годишна возраст.

Децата имаат право на зимување 6 дена, коишто ќе бидат надополнети со едукативно-забавни активности. Децата корисници на посебен додаток и/или деца со инвалидитет имаат право на придружник за време на користењето на оваа услуга, соопштуваат од Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски