Англиски хотел понуди соби за 28 бездомници за Божиќ

Од:

Хотелот „Даблтри” во англиксиот град Хал обезбеди соби за 28 бездомници за Божик, откако им беше откажано претходно договореното сместување.

Група бездомници требаше да отседнат во хотелот „Ројал” во Хал, но хотелската управа се повлече од договореното, објаснувајќи дека биле информирана оти бездомниците минатата година направиле штети додека престојувале во хотелот „Ибис”.

Проектот за бездомници „Рејз д руф“, соопшти дека наводите се „лажни”, а и „Ибис“ го негираше тврдењето.

Карл Симпсон, кој работи во организацијта „Рејз д руф“, за Би-Би-Си изјави дека букирале 14 двокреветни соби за 28 луѓе и оти се надева дека ќе биде постигнат успех како и минатата година во хотелот „Ибис“.

– Кој рече дека чуда не се случуваат?, нагласи Симпсон.

Хотелски синџир „Ибис“ во својата изјава наведе оти „може да потврди“ дека прифатиле бездомничка група на две ноќи минатиот Божиќ, во рамки на проектот „Рејс д руф“ и дека организаторите сметале оти нивниот престој е многу успешен.

„Ибис“ во соопштението наведува оти не информирал дека гостите направиле сериозни проблеми, како што се пожар или кражба.

Еден од бездомниците, кој минатата година бил во хотелот “Ибис”, за Би-Би-Си изјави дека тоа му бил најдобриот божиќен подарок што можел да го добие.

– Големо олеснување е да не бидете на улица макар една ноќ, изјави тој.

Во соопштението проектот „Рејс д руф“ објави дека хотелот „Даблтри Хилтон“ се понудил да прими 28 лица бесплатно за две ноќи со појадок и божиќна вечера.

Би можело да ве интересира

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он

(ВИДЕО) Зечевиќ за Божиќ: Симболот на раѓањето нова надеж, нека биде поттик за добри дела и нова можност за сегашните и идните генерации

Предраг Петровиќ