Двајца унгарски пратеници беа исфрлени од зградата на државната телевизија, каде што тие протестираа против новиот закон за работни односи.
Унгарската влада минатата недела го изгласа законот кој ќе им овозможи на работодавците да го зголемат бројот на дополнителни работни часови.
Од опозицијата законот беше оценет како „закон за робови“, бидејќи со него се дозволува до 400 дополнителни работи часови годишно и одложување на плаќањето за прекувремените часови до три години.
Опозициските пратеници во државната телевизија побараа нивната петиција да биде прочитана, но обезбедувањето им кажа дека тоа е невозможно.
Тие ја поминаа ноќта во зградата на телевизија, но две од пратеничките беа исфрлени насилно.
(5) We spent the night in the building closed in the make-up room in front of the studio. pic.twitter.com/zbMepe9ycR
— István Ujhelyi (@istvan_ujhelyi) December 17, 2018
– Само сакавме да ги прочитаме нашите барање, вели пратеничкат Бернадет Сел, која го објави видеото од нивното исфрлање.
Портпаролот од партијата на Робан вели дека пратениците ја злоупотребувале нивната моќ, влегувајќи во телевизијата.
Државната телевизија, која според демонстрантите се оценува како пропаганда, не извести за тоа дека пратениците протестираа и ја поминаа ноќта таму.