„Точно на полноќ“ – новогодишен концерт на Македонската филхармонија со славното Дуо Гурфинел

Од:

„Точно на полноќ“ е насловот на Гала-новогодишниот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи во понеделник, на 24 декември во 20 часот.

На програмата се популарни дела од класичната музика, кои ќе не поведат низ пределите на студената Русија до топлиот Бразил, ќе ни ја покажат виенската галантност, но и унгарскиот уникатен фолклор, или израелската звучна специфичност и волшебна музичка синтеза, па американската џез-култура, францускиот уметнички шмек или англиската префинетост, до македонската традиционалност…, дела од Глинка, Бизе, Сен-Санс, Гершвин, Штраус, Лист, Глишиќ…

Диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел, а солисти на кларинети на концертот се браќата близнаци од Израел – Даниел и Александар Гурфинкел, познати како Дуо кларинети Гурфинкел, кои веќе се етаблираа како едни од најзначајните уметници на денешнината.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска