Преструктурирање на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Од:

Со цел да се обезбеди најдобра финансиска перспектива од новиот седумгодишен буџет на ЕУ (2021-2027), Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е во фаза на преструктурирање. Ќе се избира најсоодветниот модел за тоа, со ангажирање надворешен консултант, а ќе се земат предвид и искуствата на други агенции.

Директорката Лидија Димова на отворањето на конференцијата „Институција… Како тоа гордо звучи!“ денеска рече дека за Македонија да се подготви за средства од новиот седумгодишен буџет било неопходно да се направи анализа каде се движи Агенцијата и што треба да се преземе за да се подобри нејзиното функционирање, а во исто време се реализираат и редовните средби со Директоратот на ЕУ за образование и култура.

Димова рече дека претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер при посетата на Македонија во фервуари кажал дека со новата регултатива ќе се удвојат средствата за обраазовната програма Еразмус+. Поради тоа, рече Димова, таа како нов директор во Агенцијата и со сознание дека средствата ќе бидат двојно поголеми, сметала дека е потребна анализа за капацитетот на институцијата што ја раководи и за капацитетот на крајните корисници кои ќе ги апсорбираат европските средства.

– Дојдовме до заклучок дека ако ние сакаме да имаме добри индикатори за 2021-2027, тие мора да бидат реалистични, односно треба да се постигнат. Затоа што Европската комисија, на крајот на краиштата, ќе утврди колку пари ќе добие Македонија според тоа колку ние ќе ветиме дека ќе постигнеме. А за да ветите дека ќе постигнете, мора да имате некаква претстава како се движите. И така почнавме да ги отовраме процесите во самата Агенција. Заклучокот е едноставен – вака како што е поставена, Агенцијата не нуди доволно податоци според кои ние можеме да направиме веродостојна анализа на тоа што сакаме за идните седум години, всушност за идните десет зашто имаме и уште две години до 2021-2027. Затоа решивме да се преорганизираме, структурата да биде според сектор, а не според клучна акција. Така можеме да собираме повеќе податоци и да имаме јасна претстава што е тоа што сакаме да постигнеме рече Димова појаснувајќи ја одлуката за преструктурирање на Агенцијата.

Очекува дека Националната агаенција со новата структура ќе биде подостапна за корисниците, полесна за комуникација, а дека ќе придонесе и во процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија.

-Со самите преговори, ние треба да ги подигнеме нашите капацитети. Ако до вчера сме трошеле и сме апсорбирале 100 евра, јас се надевам дека на крајот на мојот мандат ќе можам да кажам дека апсорбираме 1.000 евра. Во однос на апсорпцијата на средства, убедена дека сум дека има простор за толкаво големо подобрување, бидејќи штом ги научите правилата на ЕУ, понатаму се е работа на искуство и на сфаќање дека работите постојано се менуваат и дека кога ќе влезете на тој колосек малку поинаку ќе ги согледувате работите, истакна Димова на конференцијата на која во неколку панели се дискутира за перспективата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во пресрет на новиот седумгодишен буџет од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март

Филипче: Наставниците и работниците се разочарани, платите со оваа Влада нема да растат