Годишната награда на МААА на проф. д-р Секуловска – Габер

Од:

Во организација на Македонско – американската алумни асоцијација (МААА) во Македонската филхармонија во саботата на 15 декември 2018 година се одржа голем добротворен концерт на американска музика под наслов „Christmas in New York“ во изведба на Биг бендот на Здружението на џез музичари под диригентската палка на Џијан Емин. Како солисти настапија Ирина Карамарковиќ од Грац, Австрија и Џон Илија Апелгрин.

Во рамките на настанот беше доделена Годишната награда на МААА на проф. д-р Билјана Секуловска – Габер, учесник на програмата Фулбрајт во учебната 1978/79 година, за нејзините заслуги за унапредување на македонско – американските односи.

Наградата ја врачи претседателот на МААА, проф. д-р Мишо Докмановиќ.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска