Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат делови на општина Кисела Вода и Центар.
Од 8:30 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Јустинијан Први (поранешна Драчевска ), дел од улицата Славка Динкова, ул.Гандиева, ул.Андреја Петковиќ и ул. Ниџе Планина ( Општина Кисела Вода).
Од 8:30 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците: Стив Наумов , Тетовска, Јосиф Јосифовски Свештарот и дел од Бул. Кочо Рацин (Општина Центар).