Пет члена на екипажот на луксузниот крузер „МС Томсон Маџести“ загинаа, а тројца се повредени, кога чамец за спасување паднал од бродот, додека бил закотвен во пристаништето Санта Круз де ла Палма на Канарските острови. Несреќата се случила за време на рутинска вежба.
Меѓу загинатите се тројца Индонезијци, еден Филипинец и еден државјанин на Гана.
За време на несреќата на крузерот се наоѓале околу 1.500 луѓе, но никој не бил доведен во опасност, пренесе Би-Би-Си.
Шпанските власти и претставници на компанијата го истражуваат инцидентот.