Петковски на прославата за 13 години постоење на НСДП: Нашиот избор е јасен, да бидеме дел од демократскиот свет

Од:

НСДП денеска во ресторанот „Национал“, во Скопје, прослави 13 години од основањето и опстојувањето на македонската политичка сцена. На прославата свое свечено обраќање пред членовите на партијата имаше претседателот Тито Петковски.

„Поминаа 13 години откако заеднички успеавме на партиската сцена да артикулираме една благородна политичка идеја која се темелеше на принципите на демократијата, слободната и еднаквоста, идеја која пркосеше на тогашните партиски структури во политичкиот живот на Македонија, кои својот легитимитет го втемелува на демократски дефицитарни процеси, на социјална стерилност, на уважување на тесни интереси на поедини моќни групи, а сето тоа на штета на јавниот интерес. Низ сите овие години поминавме низ многу премрежја, се соочивме со многу предизвици, тестови за нашата политичка созреаност. Но идеите на кои ја втемелевиме НСДП, ние дадоа политичка виталност да истраеме, да се бориме и да продолжиме да се бориме“, рече Петковски пред членовите на партијата.

Петковски рече дека НСДП покажа дека моралот и вредностите нужно не мора да бидат конфликтни со политичкото дејствување, политичките успеси може да се градат и без подлегнување на искушенијата на апсолутната моќ на власта.

„Нашата заедничка судбина сакаше да не стави во вртлогот на еден од најтешките историски периоди со кои се соочи Македонија, а тоа е борбата против режимот на претходната власт. Со години македонското општество беше разјадувано од една екстремна концентрација на политичка моќ и корупиција во еден центар, за кој демократијата и слободата беа најголемата закана. Во тој повеќегодишен мрачен период на политичката сцена, останавме на линијата која ја исцртавме уште при основањето на партијата, а тоа е негување на демократските вредности и нетолерантност за криминалот и корупцијата. Овие лесни мотиви ни дадоа сила и истрајност во патот кој го изодивме како опозиција на една отуѓена и ненародна власт. Успеваме да дадеме и свој белег во затворањето на тоа мрачно поглавје од созревањето на македонската држава. Активно учествуваме во најзначајни процеси за иднината на Македонија кои се отворија со објавувањето на т.н. „бомби“. Соочувајќи ја јавноста со бруталноста и трулоста на претходната власт, македонското општество влезе во политичка катарза, за чие надминување од политичките партии беше потребно да покажат државотворен капацитет, визија за идните развојни линии на државата, и секако кадровски капацитет конкретно да се одговори на овие политички моменти. Преземавме дел од одговорноста активно да се вклучиме во овие процеси, да дадеме придонес и белег во градењето на капацитетите на државата и нејзиниот одговор за надминување на напласнатите повеќедеценски проблеми кои ги оптеретуваат граѓаните на нашата држава“, порача Петковски.

Осврнувајќи се на учеството на НСДП во централната и локалната власт, Петковски нагласи дека партијата презема дел од одговорноста во водењето на државата во најзначајниот историски момент со кој се соочува.

„Во овој историски момент, а тргнувајќи од нашите цврсти определби Македонија да е земја на демократијата, владеењето на правото и социјалната благосостојба, а на кои истрајуваме веќе 13 години, нашиот избор и став е јасен, а тоа е да бидеме дел од демократскиот свет, да обезбедиме цврсти гаранции за подобар живот за идните генерации преку полноправно членство во ЕУ и НАТО“, рече Петоквски.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ