Шест сообраќајки изминатото деноноќие во Скопје, четворица лесно повредени

Од:

Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во шест сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според МВР, полицијата санкционирала 68 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач под дејство на алкохол, шест пред да се стекант со право на управување моторно возило и тројца почетници.

Исклучени од сообраќај биле и три возила со истечена важност на сообраќајната дозвола.

Издадени се и 24 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила.

Санкционирани се и седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување, 12 возачи за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, еден за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила и девет за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан