Предавање за Сефардите во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите

Од:

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска предавања ќе одржи д-р Елизер Папо, директор на Центарот за ладино култура „Моше Давид Гаон“ при Универзитетот „Бен Гурион“ во Бер Шева, Израел.

Папо е признат истражувач, преведувач, лингвист и професор во светски рамки, а ова е негово прво гостување во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Тој ќе одржи две предавања, првото е на тема „Сефарди: Портрет во неколку потези“, а второто е насловено „Вовед во еврејската света книжевност“.

Овие предавања се отворени за сите кои се заинтересирани за сефардската култура и традиција, а се во рамки на одбележување 70 години од депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка.

Би можело да ве интересира

Изложба по повод 75-годишнината од востанието во логорот „Собибор“

Ана Ололовска

Ден на победата над фашизмот

Ана Ололовска

Македонска делегација на комеморацијата по повод 72 години од ослободувањето на Матхаузен

Ана Ололовска

Македонија ги одбележува Денот на Европа и победата над фашизмот

Ана Ололовска

„За да се памти“ – концерт за Денот на победата над фашизмот

Ана Ололовска

Руската амбасада со низа свечености по повод Денот на победата над фашизмот

Ана Ололовска