Според најновите информации добиени во АМСМ од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по влажни коловози на повеќето патни правци, а наместа се бележат остатоци од снег на коловозите.
По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите. Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ ги потсетува сите возачи дека законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15.03.2013.
АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.