Коснет: Трансформацијата на Безбедносните сили во војска – историски ден за Косово

Од:

Амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет изјави дека утрешното гласање во косовскиот Парламент за трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово претставува историски датум за земјата.

Во објава на својот профил на Твитер, Коснет напиша дека САД го поддржуваат професионалниот развој и организациската трансформација на ФСК и порача дека по ова очекува косовските лидери да се фокусираат на продолжувањето на дијалогот со Србија.

– Треба да има позитивна улога за Косово и за регионот, да го одразува мултиетничкиот карактер на земјата, како и посветеноста на Косовците за мир, напиша американскиот амбасадор.

Тој очекува утрешната седница и церемонијата на ФСК да бидат повод за косовските лидери „да ја покажат и да ја потврдат нивната посветеност на мирот, стабилноста и просперитетот за Косово и за неговите соседи“.

– Сега е време за сите лидери и сите страни да ја фокусираат својата енергија на дијалогот, порача Коснет.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина