Македонскиот тим освои три бронзени медали на 15 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки

Од:

Тимот од Република Македонија кој учествуваше на 15-та Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки што се одржа од 2 до 11 декември 2018 година во Габоране, Боцвана освои три бронзени медали.

На олимпијадата учествуваа 46 земји од пет континенти, односно околу 250 натпреварувачи, ученици помлади од шеснаесет години и околу 150 водачи. Медали од македонскиот тим освоија Мила Ивановска од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола, Дарко Стојчев од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“- Кавадарци и Димитар Џорлев од СОУ „Јане Сандански“- Струмица.

На свечената церемонија, медалите на учениците од Македонија ги додели амбасадорот на Германија во Боцвана Ралф Брет.

Македонскиот тим го помогнаа Агенцијата за млади и спорт, Фондот за иновации и технолошки развој, градоначалниците на Кавадарци и на Прилеп, и фирмите „Кожувчанка“, „Вардар Доломит“ и „Витаминка“, како и 120 донатори од цел
свет кои помогнаа во фондот на социјалните мрежи отворен од Анита Кузмановска Фелдман, дипломиран инженер по хемија од САД.

Македонија оваа година учествува по вторпат на оваа престижна олимпијада, која од Министерството за образование и наука е категоризирана во листата на 13 значајни меѓународни натпреварувања.

Следната 16-та Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки ќе се одржи од 3 до 12 декември 2019 година во Доха, Катар.

Би можело да ве интересира

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март

Филипче: Наставниците и работниците се разочарани, платите со оваа Влада нема да растат