Ѕанакопулос: Мицотакис за тврдењата за размена ќе биде повикан да одговори на највисоко европско ниво

Од:

На дипломатско и европско ниво, но и пред Европската народна партија, Кирјакос Мицотакис ќе биде повикан да даде одговори за неговите тврдења за размена на прашањето за името со кратењето на пензиите, рече портпаролот на грчката влада и министер без ресор во интервју за грчката телевизија ЕРТ.

Димитрис Ѕанакопулос, откри дека грчката влада ќе реагира кај европските партнери и сојузници, јави дописничката на МИА од Атина.

-Штом господинот Мицотакис има за цел да стане премиер и има намера со нашите европски партнери, со сојузниците да соработува, да има политички и дипломатски контакти, тогаш ние мораме за ова пршање да укажеме на највисоко можно ниво и да кажеме: Господинот Мицотакис, ве обвинува дека правите размени со грчката влада, рече Ѕанакопулос, додавајќи дека лидерот на Нова демократија ќе биде повикан и во ЕПП да даде објаснувања.

Портпаролот на грчката влада му порача на лидерот на Нова демократија, доколку смета дека „Договорот од Преспа е предавнички и производ на таква бедна размена, тогаш, уште сега да се обврзе дека ќе го поништи договорот, дури и да се изгласа од грчкиот парламент“.

Ѕанакопулос, во синоќешното интервју за ЕРТ, одговори на обвинувањата и тврдењата на Мицотакис дека грчката влада отстапила македонски јазик и македонска националност.

-Меѓународното право не го дефинира поимот нација. Ниту може некој, на правен начин, да му намете на било кој друг, дали на личност или на народ, да му ја наметне неговата етничка самоидентификација. Токму затоа, говориме за самоопределување. Секој, може да се самоопределува на начинот на кој тој смета. И ова не може да биде предмет на било кој меѓународен договор, бидејќи не е правно прашање, не е прашање што се однесува на односите меѓу државите, рече Ѕанакопулос и објасни дека во меѓународните договори се одредува државјанството.

За јазикот, го повтори ставот дека македонскиот јазик, Грција го признала уште во 1977 година.

Во однос на ставот на коалицискиот партнер во грчката влада, Панос Каменос, Ѕанакопулос изрази надеж дека „премиерот ќе успее да го убеди Каменос дека правилната политичка позиција е да остане во владата“.

Портпаролот на грчката влада и министер без ресор рече дека неговата проценка е оти на крајот на февруари или почетокот на март, договорот би можел да дојде на пленарна седница во грчкиот Парламент и дека ќе има парламентарно мнозинство за ратификација.

-Политичките и парламентарните корелации укажуваат на едно јасно мнозинство кое што ќе биде широко, рече Ѕанакопулос и објасни дека „целта на владата е да добие широко парламентарно мнозинство, над 151 пратеник“.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната