Аеродром превенира против насилство помеѓу учениците

Од:

Во основното училиште „Александар Македонски“ почна проектот „Превенирање на насилното однесување во основните училишта“ во организација на Општина Аеродром и Институтот за европски образовни, социокултурни и економски политики „Европа за тебе“.

Во рамките на проектот ќе се одржат три семинари, на кои реномирани универзитетски професори ќе им помогнат на наставниците од одделенска и од предметна настава, како и на стручните соработници од основните училишта на територијата на општина Аеродром преку интерактивна дискусија да ги надградат своите знаења и да разменат искуства.

Целта на проектот е наставниците во основните училишта да се стекнат со ефикасни стратегии за полесно препознавање на насилни ситуации во нивните училишта.

„Насилството меѓу учениците е едно од најактуелните глобални феномени присутни и во Македонија“, изјави на почетокот на семинарот професорот по правни науки, Дејан Мицковиќ, и додаде дека најдобар пристап за справување со овој проблем е превенцијата.

Да се превенира насилството меѓу учениците е пораката и на професорката по педагошки науки, Елизабета Томевска-Илиевска, бидејќи, како што рече, Македонија е земја во која насилството е секојдневие. Додека професорката по социолошки науки, Татјана Стојаноска-Иванова, посочи дека семинарот е посветен на психолошките аспекти на овој присутен проблем во училиштата и дека во текот на дискусијата ќе се разгледаат и европските искуства и практики во превенирањето на оваа појава.

Другите теми што ќе се обработуваат во текот на семинарот се правата на децата, правни, социолошки, психолошки и педагошки аспекти на насилството и малтретирањето (булингот) во училиштата, психолошки последици од изложеноста на малтретирање и насилство во училиштето и можности за нивно рано препознавање и превенција, позитивни европски практики за намалување на насилството во училиштата, како и наоди од најнови релевантни истражувања спроведени кај нас и пошироко.

Би можело да ве интересира

Mакедонски државјанин уапсен на аеродромот во Загреб – допираше 15 годишно девојче во авион

А1он

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

А1он

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски