Работна посета на Комисијата за одбрана и безбедност во Штабот на НАТО во Брисел

Од:

На покана на амбасадорот Такан Илдем, помошник на генералниот секретар од Дивизијата за јавна дипломатија, делегација од Собранието на Република Македонија оствари работна посета во седиштето на НАТО во Брисел, Белгија.

Во составот на делегацијата на оваа значајна посета за Република Македонија, беа Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност; Фросина Ташевска Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Комисијата за одбрана и безбедност; Ејуп Аљими, координаторот на пратеничката група на ДУИ и заменик-член на Комисијата за одбрана и безбедност; и пратениците Емил Димитриев, Реџеп Мемеди, Емилија Александрова и Владанка Авировиќ.

За време на работната посета делегацијата оствари значајни средби и размена на мислења со заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Е. Гетемоилер, високи претставници на НАТО, амбасадорот Такан Илдем, Дивизија за јавна дипломатија; Џејмс Мекеј, Дивизија за политички прашања и безбедносна политика; Иан Бејлес, Дивизија за планирање и одбранбена политика; полковник Хуан Мартинез-Еспарза, Директорат за соработка и безбедност, како и со повеќе експерти од Германија, Норвешка и Словенија.

На средбите беше разгледан политичкиот, безбедносниот и воениот аспект на приклучувањето кон НАТО и придобивките кои Македонија ќе ги има од членството во Алијансата. Се разговараше и за улогата на парламентарниот аспект и на пратениците во пристапниот процес кон забрзување на процесот и исполнување на критериумите и задачите.

За време на посетата, пратениците имаа можност да се запознаат и со политиките и начинот на работа на НАТО.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија и Кина би можеле да бидат подготвени за конфронтација со Западот веќе во 2027 година

Русите ја подготвуваат јавноста за војна со НАТО

Горан Наумовски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Грушко: НАТО се подготвува за конфликт со Русија