А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Повеќе предлог закони од правосудството на дневен ред на 108. владина седница

by А1он12/12/2018 - 10:2012/12/2018 - 10:28157
Share0

Пакет закони предложени од Министерството за правда се меѓу точките на дневен ред на денешната 108-ма Владина седница.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопштуваат од владината прес-служба, министрите ќе одлучуваат за предлог – законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик, на законот за судовите, законот за Судскиот совет, законот за извршување на санкциите и за предлог – законот за изменување и дополнување на законот за прекршоци.

Предложените законски решенија, како што изјави вчера министерката за правда Рената Дескоска, се усогласени со добиените препораки од Венецијанската комисија. Клучните измени во делот на Законот за судови се однесуваат на дисциплинските постапки на кои укажувала Венецијанската комисија уште во 2015 година, но досега не биле имплементирани.Измените во Законот за Судски совет, пак, се однесуваат на одговорноста на членовите на Советот за нивното работење, а се поедноставуваат одредбите за постапките за дисциплинска одговорност и разрешување на судии.

Владата денеска ќе ја разгледа и информацијата за потребата од донесување закон за изменување и дополнување на Законот за поштенски услуги.

Следете a1on на Youtube YouTube

За седницата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја предлага информацијата за распишување јавен повик за прибирање понуди за давање во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до три хектари, со предлог – решение, стои во соопштението.

vlada

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео