Владата ќе формира Агенција за квалитетот во високото образование

Од:

На редовната 107-ма седница, Владата ја усвои информацијата за отпочнување на постапката за формирање на Агенција за квалитетот во високото образование. Најдоцна до 20 февруари 2019-та година, од редот на професорите во работен однос на јавните универзитети во Република Македонија, Комисијата за именување на Владата треба да именува по 6 членови во одборот за акредитација и во одборот за евалуација на високото образование.

По исто толку членови во двата одбори, до 20-ти овој месец, треба да именува и интеруниверзитетската конференција.

Понатаму, Владата и укажува на Интеруниверзитетската конференција да избере по еден член од редот на студентите во Одборот за акредитација и во Одборот за евалуација на високото образование.

По еден член во одборите имаат право да именуваат МАНУ и Организацијата на работодавачи на Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски