Запленети 5 килограми хероин на „Богородица“

Од:

Царинските службеници од граничниот премин „Богородица“, во координирана акција со одделението за оперативи работи при Царинска управа и МВР, утрово спречија обид за криумчарење на околу 5,2 килограми хероин.

Царинската Управа сопшти дека во еден час по полниќ, за влез во Македонија на граничниот премин „Богородица“, царинските службеници селектирале за детален преглед автомобил „голф 5“ со македонски регистерски таблички, управувано од лицето И.С., македонски државјанин, кој патувал на релација Истанбул-Скопје. При преглед на возилото, во специјални изработени прегради, како бункери, од внатрешната страна на четирите бандажи од возилото, како и во кеса обвиткана со алуминиумска фолија и самолеплива трака во внатрешноста на акумулаторот, пронајдени се 5.2 кг хероин.

Вредноста на оваа количина хероин, доколку завршеше на пазарот на мало, би достигнала 500 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница

Царина поднесе кривична за доктор и медицинска сестра кои криумчареа ботокс

А1он

Златен накит вреден 1,1 милиони денари е запленет на „Богородица“

(ВИДЕО) Цариниците запленија златен накит вреден 1,5 милиони денари

Горан Наумовски

Цариниците најдоа злато скриено во чорапи на српско-црногорската граница

А1он

Фајненшл тајмс: Администрацијата на Трамп ќе воведе 100% царини за одредени лекови