Македонскиот народ е во заложништво на опозициската СДСМ, а крајна цел на оваа партија е да предизвика т.н. стокхолмски синдром, односно популацијата да го засака својот киднапер. Континуираните протести по улиците во повеќето градови во земјава повеќе не се насочени кон Владата и нејзините политики, туку да го иритираат граѓанинот. Ова беше, меѓудругото, истакнато на денешната трибина на „Фронтот на народот“ во Штип.
-Се поставува прашањето дали ова малтретирање ќе продолжи се додека народот не капитулира и на крајот не рече: Еве владејте само не не малтретирајте повеќе, рече академскиот сликар Маријан Камиловски.
Учесниците на трибината на „Фронот на народот“ велат дека од тука се наметнува и дилемата дали се ова ирационални барања на исфрустрирани луѓе, кои по секоја цена сакаат да дојдат на власт или е смислена стратегија за рушење на имиџот на државата.
– Тоа е една нездрава манипулација и навистина создава една нездрава, отровна и лоша клима во и онака кревкото демократско општество, затоа што демократијата се гради секоја секунда и постојано, вели драматургот Братислав Димитров.
Претставниците на спортските работници и студентите истакнаа дека прв пат во изминативе дваесетина години ја почуствувале националната гордост. Според нив започнало да се инвестира во инфраструктура и талентирани спортисти и ученици, што само по себе укажува дека работите се движат во позитивна насока.