Измените на Кривичниот законик и на законите за судови и за Судски совет пред Владата

Од:

Измените и дополнувањата на Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации, измените и дополнувањата на Кривичниот законик, на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет, постапката за формирање агенција за квалитетот во високото образование, како и предлог-одлуката за изменување на Одлуката за намалување на цената на становите во општествена сопственост, се само некои од точките на дневниот ред на денешната 107 редовна седница на Владата на Република Македонија.

Седницата ќе почне во 12 часот, а на дневен ред се и Предлог-законот за извршување на санкциите, Предлог-законот за прекршоци, Информацијата со анализата за примената на Законот за правда за децата за периодот јануари – јуни 2018 година и Информацијата за потпишување меморандум за соработка меѓу Владата на РМ, Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (UNOPS) и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралство Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора, за заедничка реализација на проектот за чистење дворните површини ОХИС, во Скопје.

Членовите на Владата ќе одлучуваат и по Предлог – одлуката за основање јавно претпријатие колекторски систем.

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, ќе се расправа и за Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за формирање дигитален форум за информатичко комуникациски технологии, како и за Предлог-решението за назначување членови на дигиталниот форум за информатичко комуникациски технологии.

Би можело да ве интересира

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија