Слетал со автомобил во Луда Мара, се спасил преку отворање на задните прозорци

Од:

Деветнаесет годишник од Кавадарци со возило „рено меган” со кавадаречки регистарски ознаки утрово околу три часот излетал од патот кај Ваташа и паднал со автомобилот во реката Луда Мара. Возачот успеал да се спаси преку отворање на задните прозорци од возилото, потврди полицијата за МИА.

Несреќата се случила кај местото каде што се гради нов мост, токму поради недоволната безбедност на стариот и зачестеноста од сообраќајки.

Лиза Бендевска од МВР, изјави дека сообраќајката се случила на улицата „Страшо Пинџур” во Ваташа.

На местото биле повикани полиција и противпожарната единица, која веднаш пристигнала со две возила и тројца пожарникари.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски