Во организација на КК „Ветерани“ од Струмица денеска и утре во салата на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, ќе се одржи меѓународен кошаркарски турнир за ветерани.
На турнирот покрај домаќинот учествуваат и екипите на Волос од Грција, Варна од Бугарија и Лесковац од Србија.
Турнирот се организира по повод одбележувањето на 11 декември, Денот на заштитниците на градот Струмица-Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици.